Фудбал
18. July 2018 - 18:14

Ланскиот успех недостижен за македонските екипи?!

Три македонски екипи вчера настапија во фудбалска Европа. Македонскиот првак Шкендија продолжува во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите додека  Работнички и Шкупи се елиминирани од Лига Европа.
ТОНСКИ 
За малку фрапантен пораз на Шкендија на гостувањето кај ТНС кој славеше со 4-0 и со еден гол повеќе можеше да напише историја и да обезбеди барем продолженија на овој возбудлив меч. 
Вака победата од 5-0 во Скопје се покажа како недостижна за Велшаните кои уште во првиот дел со головите на Еб , Ред и Кабанго поведоа со 3-0 и ги загреаа надежите на своите фанови. 
Во вториот дел во игра кај Шкендија влегоа искусните Ибраими и Радески и Шкендија се до 97-та минута го чуваше својот гол кога Бирне ги постави конечните 4-0 на оваа средба. 
Македонскиот претставник во ЛШ во второто коло ќе игра со победникот од дуелот  Кутаиси-Грузија и Шериф Молдавија. 
Работнички загуби убедливо со 4-0 на гостувањето кај Хонвед со што победата од Скопје од 2-0 се покажа како недоволна додека Шкупи не успеа да го совлада славниот Глазгов Ренџерс па средбата заврши без победник што им одговараше на Шкотланѓаните кои славеа дома со 2-0.