Лајчак и Ескобар вечерва на средба со Курти во Приштина, утре во Белград со Вучиќ
Косовскиот премиер, Албин Курти ќе ги прими денеска специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на владината служба за информирање, Курти ќе се сретне со претставниците на ЕУ и САД во неговиот кабинет во 20 часот. За утре претпладне е најавен а средба на двајцата дипломати и со косовската претседателка, Вјоса Османи.
Цел на посетата на Лајчак и Ескобар е изнаоѓање решение за напнатата состојба во северно Косово, каде што тамошните Срби повеќе од една недела протестираат против изборот на градоначалници Албанци во тамошните четири општини на неодамнешните вонредни локални избори, кои тамошното српско население ги бојкотираше.
Со цел смирување на ситуацијата во тој дел на Косово, населен со мнозинско српско население, европскиот и американскиот посредник утре ќе отпатуваат за Белград, каде што, меѓу другото, се очекува да се сретнат со пrетседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна
-
Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk
-
Украдена биста од гробишта во Скопје
-
Прекината седницата на Советот на Град Скопје на која се очекуваше да се расправа за дивоградбите во Чаир
-
Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки - Македонија гради енергетска иднина за сите
-
Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, иако постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија