-->
-->
Лагард: Коронавирусот ја зголемува неизвесноста на економскиот раст
-->
Претседателката на Европската централната банка (ЕЦБ), Кристин Лагард оцени дека ширењето на коронавирусот носи „нова доза на неизвесност“ на економскиот раст.
Лагард истакна дека заканата од трговска војна меѓу САД и Кина губи на интензитет, но коронавирусот додава нова неизвесност.
Поранешната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) истакна дека ЕЦБ сака да ги задржи каматните стапки на ниско ниво и да продолжи со купување средства на пазарот што е ефикасен автоматски стабилизатор за поддршка на еврозоната.
Претседателот на Федерални резерви на САД, Џерoм Пауел изјави дека ја следи ситуацијата на епидемијата.
– Очигледно е дека ќе има краткорочни последици врз производството во Кина, посочи Паул, додавајќи оти коронавирусот ќе влијае и врз други економии.
Досега од коронавирусот починаа околу 500 луѓе, а заразени се повеќе од 24.000 во Кина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Втор ден избори за Европарламент
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за реорганизација на Владата на собраниска седница - Од кого ќе добие поддршка?
-
АХВ: Македонија јаде безбедна храна
-
Екологисти од Струмица ќе ја подигнуваат јавната свест за уништување на шумите
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот Совет доби двајца нови членови
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ