Балкан
7. October 2016 - 9:12

Лагард: Грција има уште многу работа во однос на реформите

Директорката на ММФ, Кристин Лагард изјави дека Грција има да заврши уште многу работа во врска со реформите, со што се потврдија стравувањата дека Фондот се уште не е подготвен да учествува во третата финансиска помош за Грција.

Лагард изјавата ја даде во пресрет на Годишното собрание на ММФ и Светската банка во Вашингтон, а познавачите на состојбите ја толкуваат како нејзино изразување разочарување кон европските лидери што не се согласиле за реструктуирање на долгот на Грција, и кон Атина, за тоа што не направила доволно за реформите.

ММФ веќе изрази резервираност во врска со промените на системот за оданочување во  Грција и за социјално осигурување кои Парламентот ги изгласа пред летото.