Ладна викенд препораки!

Престојот во природа, доволниот дневен внес на Ладна и редовната физичка активност се навики кои го штитат здравјето, а кои треба да ги негуваме уште од најраната возраст. Заедничкото семејно дружење пак придонесува за зближување и јакнење на самодовербата на децата за нивниот правилен ментален и физички развој.
Исто така е важно да ги научиме децата да се грижат и за животната средина, да се поврзат со природните ресурси, а најдобар начин за тоа е почесто организирање на престои во природа. А, во Mакедонија навистина има каде да се оди и сигурно постојат места кои досега не сте ги посетиле. За вашата следна авантура во природа, Ладна ви ги препорачува следниве дестинации:

1. Изберете ден со бистро небо, со најголема веројатност дека нема да се појават ноќта облаци и да ги скријат ѕвездите, соберете мала но сакана екипа и преноќете на Кокино. Ова место се вбројува меѓу античките опсерватории во светот, а според наодите на археолозите, на локалитетот немало живеалишта туку опсерваторијата била светилиште.

2. Кампување во бујната букова шума покрај Колешинските водади, каде се слуша жуборкање на реката и црцорење на птици и штурци, е авантура за раскажување. Според мештаните на село Колешино, сѐ повеќе туристи доаѓаат да ја почувствуваат смирувачката енергија на водопадите.

3. Нашите краишта се полни со возбудливи природни богатства и убави, широки пространства. Во Јанче може да берете овошје и зеленчук со мештаните, да јавате коњи и да вкусите мед и вино - слатки колку животот. А во Брајчино се оди на воздушна бања, се пешачи и планинари до Големо Езеро на Пелистер. Пониква е најчистиот еколошки крај во Осоговијата, со уредени пешачки патеки и ресторани со специјалитети од дивеч. А кој не бил во Вевчани, може да го смета за предлог број еден, иако карневалот уште одамна заврши. Во пролет Вевчанските извори се бујни и студени, а Вевчанци имаат приказни за раскажување до зори. Додека уживате во летните излети и прошетки, не заборавајте секогаш со себе да носите и доволна количина на Ладна. Нејзиниот совршено избалансиран состав и исклучително ниското ниво на натриум ја прави Ладна идеална за освежување и хидратација во секое време.
Ладна е идеалниот придружник на секое ваше патување и активност. Затоа, носете си Ладна со себе без разлика дали освојувате некој планински врв, одите на семејна авантура, на одмор или на бизнис патување. Една Ладна голтка ни го прави патувањето поубаво и поздраво.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
