Македонија
18. November 2016 - 20:51

Квиз по противпожарна заштита во Гази Баба

Во ООУ„Крум Тошев“ по 32. пат се одржа квиз по противпожарна заштита за ученици од основните и средните училишта од општина Гази Баба.

Настанот е под покровителство на општина Гази Баба, во соработка со Општинскиот противпожарен сојуз Гази Баба.

Како што соопшти општина Гази Баба, настанот го отворил градоначалникот Тони Трајковски, а присутните ги поздравиле и претседателот на општинскиот противпожарен сојуз Миливоје Игњатовиќ и директорката на училиштето Александра Петковска Анастасов.

Во категорија на кадети прво место освоија учениците од  ООУ „Григор Прличев“, второ ООУ „Вера Јоциќ“, а трето ООУ „Крум Тошев“.

Во категорија јуниори прво место освоија учениците од АСУЦ „Боро Петрушевски“, второ ООУ „Вера Јоциќ“, а трето СЕТУГС „Михајло Пупин“.