Квартален извештај за следењето на работата на Заводот за ревизија
Во Скопје денеска ќе биде презентиран четвртиот квартален извештај од следењето на работата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот јули - септември годинава.
Кварталниот извештај ја опфаќа работата на Државниот завод за ревизија од аспект на транспаретноста во комуницирањето и информирањето на јавноста преку веб страницата, перцепцијата на медиумите за транспареноста на Заводот, прецепцијата на пратениците во македонското Собрание и резултатите од работата на ДЗР.
Покрај извештајот, ќе биде презентирана и новата годишна програма за работата на Државниот завод за ревизија.
Извештајот е подготвен во рамки на проектот „Зајакнување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“ којшто е имплементиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер, Центарот за економски анализи и Институтот за комуникациски студии со поддшка од Британската амбасада во Скопје.
Во текот на проектот, односно до март 2018 година ќе бидат подготвени уште два извештаи.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори