-->
-->
Квалитетот на Вардар доминира на ЕП во Полска
-->
Петмина ракометари на Вардар кои настапуваат на ЕП во Полска, викендов ќе се борат за медал. Сите ќе играат во полуфиналето, а интересно е што тие ќе играат меѓусебе.
Во полуфиналната пресметка меѓу Шпанија и Хрватска, во сабота во Краков на теренот ќе излезат Арпад Штербик, Хорхе Македа и Алекс Душебаев во дресот на Шпанија, а за репрезентацијата на Хрватска ќе играат Игор Карачиќ и Лука Циндриќ.
Во најинтересниот и „најлуд" натпревар на првенството, Хрватска направи огромно изненандување победувајќи го домаќинот во последното коло од главната фаза со 37-23, со што се пласираа меѓу четирите најдобри екипи. Претходно во прилог на Хрватска и одеше и фактот што Норвешка ја елиминираше Франција. Шпанија во последниот меч од групната фаза што се играше во Вроцлав ја победи Русија со 25-23.
За екипата на Русија настапија и „вардарците", Тимур Дибиров, Сергеј Горбок и Данил Шишкарев. Русија го освои 9 место на ЕП. Претходно од прелиминарната фаза беше елиминирана и Србија, за која настапуваа Мијајло Марсениќ и Илија Абутовиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија