Фудбал
11. јуни 2019 - 11:24

Квалификации за ЕП:Косово славеше во Бугарија

Нашиот противник во полуфиналето од Лигата на нациите, Косово забележа изненадувачка победа на гостувањето во Бугарија од 3-2 и ја продолжи одличната серија на резултати од 2017г од кога е без пораз.

Косовците против Бугарија  први дојдоа во водство преку Милот Рашица во 14. минута, но Попов и Димитров направија пресврт за 2:1 водство, пред Муриќи да израмни во 64. минута. Трите поени и заддржување на шансите за пласман на ЕП ги донесе Елбасан Рашани во 93. минута по асистенција на Рашица.

Шпанија со два гола од пенал (Мората и Рамос) стигна до 3:0 победа над Шведска во дербито во групата Ф за по четири кола да има максимални 12 поени, додека лидерското место не го дава ниту Украина во групата Б по минималната 1:0 победа над Луксембург. Србија пак, успеа да стигне до 4:1 победа над Литванија за кревање на мотивацијата по катастрофалниот пораз од Украина во петокот (5:0).

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА А

Бугарија – Косово 2:3

Чешка – Црна Гора 3:0

Табела: 1.Англија 6, 2.Чешка 6, 3.Косово 5, 4.Бугарија 2, 5.Црна Гора 2

ГРУПА Б

Србија – Литванија 4:1

Украина – Луксембург 1:0

Табела: 1.Украина 10, 2.Луксембург 4, 3.Србија 4, 4.Португалија 2, 5.Литванија 1

ГРУПА Д

Данска – Грузија 5:1

Ирска – Гибралтар 2:0

Табела: 1.Ирска 10, 2.Данска 5, 3.Швајцарија 4, 4.Грузија 3, 5.Гибралтар 0

ГРУПА Ф

Фарски Острови – Норвешка 0:2

Шпанија – Шведска 3:0

Малта – Романија 0:4

Табела: 1.Шпанија 12, 2.Шведска 7, 3.Романија 7, 4.Норвешка 5, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 0

Ново на Сител