Кузеска: Левица и Апасиев на социјалните мрежи споделија скандалозен пост "Децата крв ќе ви плукаат"
Скандалозна, екстремна и заканувачка порака испрати лидерот на Левица, на својот фејсбук профил кој подоцна го избриша.
„Децата крв ќе ви плукаат”, е пораката што Димитар Апасиев и раководството на Левица им ја упаќаат на граѓаните.
И покрај тоа што Апасиев се обиде да ја сокрие од социјалните мрежи, ништо не може да ја избрише оваа радикална изјава полна со омраза.
Говорот на омраза е еднакво присутен како и ширењето дезинформации и лаги, зад кои се крие истата цел – поделба на граѓаните, дискредитирање и тоа се’ само заради партиски и лични интереси.
Говорот на омраза е неприфатлив. А, кога тоа доаѓа од човек кој во Домот на демократијата треба да ги застапува интересите на граѓаните, е навредлив кон граѓаните и апсолутно недозволив.
Почитувани,
За целиот период откако Левица е дел од Собранието, освен омраза, поделби, закани и популизам, не понудија ништо друго.
Ниту еден единствен проект, ниту идеја, ниту предлог во интерес на граѓаните и државата.
Самопромоција, со евтин популизам и ништо повеќе - и секогаш на линија со политиканството, блокадите, деструкциите на ВМРО ДПМНЕ.
Исто како и ВМРО ДПМНЕ, со апсурдни амандмани се обидоа да ја блокираат финансиската поддршка на граѓаните и компаниите погодени од Ковид кризата, исто како ВМРО ДПМНЕ и Левица се противат на спроведување попис.
Левица нема ништо свое, освен навреди, омаловажувања и омраза во огромни количини.
Токму затоа, граѓаните треба да внимаваат - од една страна е СДСМ, која ја турка државата напред, со проекти и мерки кои се во интерес на граѓаните, а од другата страна е Апасиев и Мицкоски, кои освен поделби, лаги, манипулации, закани и омраза, не нудат апсолутно ништо.
Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност
-
Пентагон соопшти дека почнала изградбата на привремено пристаниште во Појасот Газа
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи