Кувајт ја претстави „Федха“ – виртуелна презентерка на вести
Кувајт ја претстави „Федха“ како виртуелна презентарска создадена од вештачка интелегеницја.
„Федха“ беше претставена преку „Твитер“ профилот на „Кувајт Њуз“ и е жена која носи црно сако и бела кошула. Таа ќе чита исечоци од вести претходно објавени на веб-медиумите , јавува „Гардијан“.
„Јас сум Федха, првата презентерка во Кувајт која работи со помош на вештачка интелигенција во ‘Кувајт Њуз’. Какви вести преферирате? Би сакала да ги слушнам вашите размислувања“, вели таа на арапски.
Кувајтскиот медиум кој ја претстави „Федха“, е поврзан со „Кувајт Тајмс“, медиум основан во 1961 година и претставува прв медиум на англиски јазик во државата.
Првичното видео од презентирани вести од страна на Федха кое трае 13 секунди создаде лавина од реакции, вклучувајќи и реакции од новинари.
Ново на Сител
-
Косовската полиција потврди дека во селото Бањска пронашла повеќе возила, оружје и воена опрема
-
Абазовиќ со порака до Србија и Косово: Обидете се со помирување, тоа е единственото решение
-
Пронајдено исчезнато 14-годишно девојче во Скопје
-
Пожар меѓу штипските села Сушево и Доброшани
-
Обвинителен акт против полициски инспектор за усмртената мигрантка
-
Кривична за кумановец кој се заканувал со моторна пила и се обидел да прегази шумски полицаец
-
Мајка пријавила дека сосед ја соблекол и ја допирал нејзината малолетна ќерка
-
Го избодел со нож па пукал кон него, кривична за момче од Буковиќ