-->
-->
Кутињо конечно дебитираше за Барселона
-->
Филипе Кутињо конечно го оствари својот сон, да настапи во дресот на шпанската Барселона.
23-годишниот Бразилец, синоќа за прв пат настапи за Барселона и тоа на преполниот „Камп Ноу“, во реван четвртфиналниот меч против градскиот ривал Еспањол.
Кутињо кој очајно посакуваше да го замени дресот на Ливерпул со оној на Барселона, пред дваесетина дена беше ангажиран од каталонскиот тим за сума од 120 милиони евра.
На задоволство на присутните на „Камп Ноу“, тој во 68.минута доби можност да го замени легендарниот Иниеста, на мечот против Еспањол.
Само неколку минути подоцна подготви одлична шанса за Луис Суарез, но неговиот обид гостинскиот голман Лопез го одбрани.
Ико на овој меч се очекуваше свое деби да има и Џери Мина сепак Колумбиецот ќе мора да почека на првиот свој официјален настап за Барселона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци