Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа

Џаред Кушнер, зет и еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска ги претстави плановите за реконструкција на Појасот Газа нагласувајќи дека целосната демилитаризација на Хамас е неопходна за реализација на планот.
„Нова Газа може да биде надеж и дестинација. Денес направивме неколку невозможни работи во Газа и нема причина да не правиме уште“, рече Кушнер, пренесен од Си-ен-ен
На Светскиот економски самит во Давос тој имаше презентација во која го истакна потенцијалниот нов изглед на палестинската енклава потенцирајќи дека „мирот е поинаков вид договор од бизнис-договор“, како и дека администрацијата на Трамп нема план Б надвор од договорениот повеќестепен процес за завршување на војната и трансформација на енклавата.
Кушнер ги повика присутните да „ги остават настрана скептицизмот и соперништвата“ во учеството во Одборот за мир.
„Да направиме сè што можеме за да се обидеме да соработуваме. Нашата цел тука е мир меѓу Израел и палестинскиот народ“, наведе Кушнер.
Тој нагласи дека голем дел од планот зависи од демилитаризацијата на Хамас ветувајќи дека САД ќе го спроведат тој дел од договорот за прекин на огнот.
„Доколку Хамас не се демилитаризира, тоа ќе биде она што ќе ги спречи Газа и народот на Газа да ги остварат своите аспирации“, рече Кушнер
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе почекаме до седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-

Муцунски – Будрис: Продлабочување на соработката и силна поддршка за европската интеграција
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
