Кушнер: Трамп сака мирно решавање на кризата на Блискиот Исток
Американскиот претседател Доналд Трамп е приврзаник на мирниот излез од кризата на Блискиот Исток, изјави Џаред Кушнер, виш советник и зет на Трамп на преговорите со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, што се одржаа во Тел Авив.
- Трамп сака преку мирни преговори да се постигне „благосостојба и мир за сите луѓе во регионот", нагласи Кушнер.
Тој додаде дека, Вашингтон ја цени желбата на Нетанјаху да работи во таа насока, како што бил замолен од американскиот претседател.
Премиерот на Израел изјави дека посетата на американската делегација е симбол на „големиот сојуз и на големите цели", кон кои се стремат и двете страни.
Нетанјаху додаде дека има многу теми за дискусија со советникот на Трамп.
Кушнер, американскиот пратеник за меѓународни преговори Џејсон Гринблат и заменик-помошникот на претседателот на национална безбедност Дина Пауел синоќа пристигнаа во Израел.
Ова е трета посета на Кушнер во својство на советник на претседателот на САД.
Подоцна тој се состана со палестинскиот лидер Махмуд Абас во Рамала и му рече дека Трамп сака мирни односи меѓу земјите во целиот регион и оти е оптимист дека палестинскиот и израелскиот народ ги чека подобра иднина, јави ТАСС.
- Ние знаеме дека работите се тешки и сложени, но ништо не е невозможно доколку напорите се искрени, наведе Абас.
Последните израелско-палестински преговори беа прекинати во април 2014 година по деветмесечните безуспешни обиди за приближување на позициите.
Претходниот обид за постигнување на конечен мировен договор пропадне во 2010 година.
Ново на Сител
-
Се санираат последиците од невремето во Тетово и Скопје, бројни пријави за претпрена материјална штета
-
Успешна мисија: Спасено 16-годишно девојче кое паднало во дол
-
На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри
-
Асанж пуштен од затворот во Велика Британија
-
Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
-
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
-
Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје