Курти: Сите одлуки во надворешната политика ги носам во договор со Османи, Коњуфца и Гервала

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Подуево изјави дека сите одлуки за надворешната политика на Косово ги донел во договор со претседателката Вјоса Османи, претседателот на Собранието Гљаук Коњуфца и министерката за надворешни работи Доника Гервала.
Коментирајќи ја изјавата на претседателката Османи на годишното обраќање во Собранието на Косово дека не треба да се коцка со меѓународните пријатели, Курти рече дека постојано е во комуникација со највисоките претставници на Косово.
-Имаме заеднички достигнувања и тоа треба да продолжи. Нема предизвици што не можеме да ги надминеме. Верувам дека северот никогаш не бил побезбеден отколку што е сега, рече Курти.
Османи во својот говор на 21 ноември побара повеќе работа и посветеност за одржување на сојузите со партнерите.
„Ниту еден народ не успеа сам и ниту една земја не успеа во изолација. Важноста и зајакнувањето на сојузите се бесценети. Слабеењето на сојузите е стратешка грешка. Сојузот со оние кои ни помогнаа да имаме земја не е ниту потчинување, ниту уцена. Верувам дека нашите најголемата сила е во сојузите кои се таму за да не штитат, па затоа загрозувањето и коцкањето со нив ја поткопува самоодбраната на нашата Република“, рече тогаш Османи.
Говорот на Османи го бојкотираа членовите на Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, со образложение дека таа не ја исполнила својата уставна улога како претседател.
Ново на Сител
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
-

Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот
-

Лукашенко: Импресиониран сум од неодамнешните постапки на Трамп
-

Мареска: Палмер е добро и подготвен за игра
