-->
-->
Курти: Подготвен сум за средба со Вучиќ и очекувам конкретни резултати
-->
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Охридскиот договор ќе се спроведе без одлагање и додаде дека е подготвен за средба на 2 мај со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на која очекува конкретни резултати.
„Секогаш сум подготвен за средби на високо ниво. Следниот состанок ќе биде во Брисел. Треба да разговараме за тоа како Бриселскиот договор и Охридскиот договор ќе бидат имплементирани без одлагање и во целост“, изјави Курти за приштинските медиуми, пренесе Бета.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска потврди дека на 2 мај ќе отпатува за Брисел на разговор со Курти и меѓународните посредници, но дека, како што рече, не очекува ништо од таа средба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица