Курти објави дека обезбедил мнозинство за формирање на новата влада
Лидерот на Движењето Самоопределување Албин Курти вечерва објави дека успеал да го обезбеди потребното мнозинство од 61 глас од новите пратеници во косовското Собрание, изгласани на изборите од 6 октомври, и дека веднаш по прогласувањето на конечните изборни резултати ќе може да пристапи кон формирање на новата влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Курти, на ВВ, која победи на изборите, и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), како втора најгласана партија, како дел од идната владина коалиција денеска ѝ се приклучија и пратеници од три партии на немнозинските заедници, со што е обезбедено потребното мнозинство за изгласување на кабинетот што тој ќе го предложи откако ќе го добие мандатот.
– Без оглед на пребројувањата и панелите (за поплаки и претставки), обезбедено е парламентарно мнозинство за новата влада. Претседателите на три партии на немнозинските заедници, кои се истовремено и идни пратеници, господата Расим Демири, Фикрим Дамка и Алберт Киноли ќе ја гласаат нашата влада и мене како премиер, без условувања – напиша Курти на својата страница на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори