Курти и Мустафа денеска на нова средба во обид да формираат влада

Лидерите на двете победнички партии на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), заедно со членови на партиските раководства, ќе се состанат денеска, во нов обид да постигнат договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина.
Информацијата, по синоќешната средба на Курти и Мустафа, ја потврдија шефовите на пратеничките групи на двете партии во последниот собраниски состав, Глаук Коњуфца (ВВ) и Авдулах Хоти (ЛДК), нагласувајќи дека во двата табори постои оптимизам оти договор ќе се постигне.
Обајцата најавија интензивирање на средбите на партиските раководства во наредните денови, со цел да се надминат и последните разлики во ставовите околу идната структура на власта.
– Денеска имавме долга и конструктивна средба за размена на ставовите за сите позиции околу договорот кој се очекува да се постигне меѓу нашите два субјекти. Се согласивме да ги продолжиме средбите на дневна основа, се додека не ги затвориме преговорите, изјави Хоти.
Неговиот собраниски колега од редовите на ВВ рече дека утрешниот состанок „не би се случил доколку немаше приближување на позициите меѓу двете партии“.
– Токму поради тоа што видовме напредок во нашите позиции во правец на постигнување договор се согласивме нашите средби во иднина да бидат почести. И токму од таа причина ние утре повторно ќе се состанеме и ќе продолжиме од таму каде што застанавме, изјави Коњуфцa.
Пред продолжувањето на средбата на работните групи, лидерите на двете досега опозициски партии за денеска свикаа седници на партиските претседателства. ВВ соопшти дека Курти ќе го собере Претседателството во 9 часот, додека од ЛДК објавија дека Мустафа ја свикал седницата за во 11 часот.
До застој во преговорите меѓу двете партии, кои започнаа веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето на 6 октомври, дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.
Конститутивната седница на новиот, седми по ред, состав на Собранието на Косово, претседателот на државата, Тачи првично ја свика за 24 овој месец, а вчера ја промени својата одлука и го помести датумот за 26 декември. Тоа е последниот законски рок за одржување на седницата, со оглед дека конечните резултати од гласањето на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври Централната изборна комисија на Косово ги објави на 27 ноември.
Ново на Сител
-

Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
-

Белата куќа на својот сајт објави видео-игри со политиките на Трамп: Во едната ловите мигранти, во друга градите ѕид
-

Шкрипите со забите додека спиете? Околу 10 отсто од луѓето имаат бруксизам, а повеќето не се ни свесни
-

Скопскиот аеродром со 11. награда ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“
-

Нова надеж за трансплантациите: Бубрег од свиња функционирал 271 ден во телото на пациент и го ослободил од дијализа
-

Конфликтот во Иран не е „војна“, сообраќајот низ Ормуската Теснина речиси нормализиран, изјави Венс
-

Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност
-

Вкупно 31 пожар на отворен простор е регистриран до изутринава
