Курт Волкер: Излезот од кризата се кредибилни избори
Решение на длабоката криза во која се наоѓа Македонија е можно само преку гласачите, кои ќе го имаат последниот збор за иднината, смета Курт Вокер, извршен директор на Институтот Мекејн и поранешен амбасадор на САД во НАТО.
- Излезот е преку избори. Важно е да има влада која ќе има обновена доверба од граѓаните. Тоа би бил можен излез од кризата. Но, патот до таму нема да биде лесен. Ако се земат предвид сите случаи на аболиција, може да се толкуваат на поинаков начин. Можеш да бидеш на страната на луѓето кои го бранат владеењето на правото и тоа би бил проблем, или може да се гонат луѓе кои биле во владата и тоа да се прави од одмазнички цели. Тоа е навистина тешко. Важно е сега дека откако аболицијата е укината, секој е предмет на истрага, вели Вокер во изјава за Гласот на Америка.
Според него, сега е важно се создаде процес за кредибилни избори, да се прочисти избирачкиот список и да се создадат севкупни услови за избори, кои ќе се одржат на слободен и транспарентен начин.
- Партиите и лидерите кои ќе победат на тие избори ќе бидат оние кои ќе ја извадат земјата од кризата во која е западната, изјави Волкер.
Ново на Сител
-
Кешишев се прекрстува и се упатуваат кон Велес, снимки презентирани на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет
-
Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа
-
Мувлосаниот леб нема здрави делови, фрлете го цел
-
Естонија прогласена за земја со најчист воздух во светот
-
Веројатноста дека астероидот „ЈР-4“ ќе удри во Земјата се искачи на 3,1 отсто
-
„Трипедвајзор“: Најдобрите европски плажи за 2025 година
-
Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“