-->
-->
Курц со порака до Трамп: Откажете се од глупостите
-->
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска остро го нападна американскиот претседател Доналд Трамп поради неговите планови за воведување „казнени“ царини за увоз на челик и алуминиум во САД.
- Би било подобро да се поштедиме од сето тоа. Доколку биде потребно ќе уследи реакција, која се надевам дека ќе доведе до промена на ставот на САД и дека тие ќе се откажат од тие глупости, изјави Курц по денешната седница на австриската Влада.
Според него, доколку дојде до трговска војна меѓу ЕУ и САД, од тоа штети ќе имаат и двете страни.
Курц нагласи дека австриската Влада ги вложува сите напори што се во нејзина моќ за да го разубеди Трамп да се откаже од плановите за воведувње царини на увозот на челик и алуминиум.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: 18 месеци нема правда за Кочани затоа што судството под контрола на Мицкоски ги штити своите
-

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството ја ставаат правдата во втор план
-

Mатични лекари – да прекине праксата издавање на боледување по телефон
-

Пензионерите ќе можат да си докупат стаж за да имаат право на пензија
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
