Купувале производи со поминат рок па го менувале датумот, уапсени 27 лица во Литванија и Италија
Полицијата во неколку земји-членки на ЕУ откри криминална мрежа што оперира со повторно воведување храна со поминат рок во синџирот на снабдување и уапси 27 лица во Литванија и Италија.
-Искористувајќи ги ранливостите во синџирот на снабдување, првично предизвикани од пандемијата на Ковид-19, осомничените почнаа да набавуваат огромни количини храна и пијалоци со поминат рок, соопшти Европол.
Тие потоа користеле хемикалии за да го избришат датумот на истекување отпечатен на поединечни производи и повторно да испечатат нов.
Во други случаи, се фалсификува и залепува сосема нова етикета, со што се добива впечаток дека пакуваната храна или пијалок се сè уште свежи и безбедни за консумирање.
Овој специфичен начин на работа беше откриен и се следи како дел од ОПСОН, голема истрага за прехранбената индустрија координирана од Европол.
Последователните истраги предводени од земјите-членки и координирани од Европол доведоа до две насочени операции.
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница