Купил 4 телевизори да гледа фудбал на Светско во Русија, жена му го тужи

Една Израелка соопшти дека ќе го тужи сопругот кој купил четири телевизори за да го следи Светското првенство во фудбалот што се одржува во Русија од 14 јуни до 15 јули, пишува весникот "Марив".
Како што пренесува весникот, 40-годишна жена е лута бидејќи нејзиниот сопруг во куќата донел четири телевизории за да ги следи натпреварите. Оваа израелска жена е несреќна и не сака нејзината куќа да се претвори во бучен "машки клуб".
Таа му сугерирала на сопругот да ги подари телевизорите на оние на кои им се потребни, но тој одбил. Таа, исто така, побарала привремено тој да се пресели и да живее со родителите, а во случај да остане дома, сопругот ќе биде гонет од судот.
Жената изјави дека нејзиниот сопруг дури и се заканувал дека ќе и ја скрши главата од телевизорот, ако му забрани да го следи Светското првенство во фудбал во Русија.
Ново на Сител
-

Еј-Би-Си: САД испраќаат 2.200 маринци на бродови кон Блискиот Исток
-

Како Brainster ги поместува границите на образованието? | Ања Марија Макеска | Sitel Podcast 141
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела
-

Висок ирански свештеник побара од папата да го осуди убиството на ајатолахот Али Хамнеи
-

Трамп изјави дека Путин можеби „малку“ му помага на Иран
-

Мерц повикува на „убедлив план“ за да се спречи „бескрајна“ војна со Иран
-

Албанија со Резолуција ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а ИРГЦ и Хезболах за терористички организации
