-->
-->
Kуп: „Штрковите“ во полуфинале
-->

Попладнево во Гевгелија стартуваше завршниот турнир од 24 издание на Купот на Македонија на кој учествуваат осумте најдобри екипи во нашата машка кошарка и најдобрите четири тима во женска конкуренција. Трофејот во Купот го брани тимот на Работнички.На стартот на популарниот „фајнл ејт“ шампионот МЗТ Скопје Аеродром очекувано ја оправда улогата на фаворит и славеше лесна и убедлива победа над Бест од 89-58.
Само во воведните десет минути дебитантот во елитата Бест беше рамноправен ривал на најсериозниот кандидат за освојување на пехарот, во продолжението од мечот сепак доиздаз дојде квалитетот на шампионот. Избраниците на Јончевски беа посебно импресивни во втората четвртина во која постигнаа дури 35 поени а примија само десет коша.
Најсрасположени за постигнување на поени во тимот на МЗТ беа капитенот Дамјан Стојановски и Горјан Марковски со реализација од по 16 односно 12 поени, двоцифрен број на поени постигнаа и младите Младеновски и Мекиќ и високиот Урош Луковиќ. Кај Бест а воедно и најефикасен на теренот беше Харис со 21 поен.
МЗТ Скопје во полуфиналето од Купот на Македонија го очекува победникот од четвртфиналето меѓу Фени Индустри и Кожув.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
