-->
-->
Куп пехарот очекувано за ЖРК Вардар
-->
Ракометарките на Вардар го освоија Купот на Македонија откако во финалето денеска го победија Металург со 45:19 (21:10). Ова за „вардарки“ е петти трофеј во ова натпреварување, а четврти во низа.
Финалниот дуел беше неизвесен само во првите десет минути кога Металург имаше и водство од 4:3, а потоа Вардар направи серија од 11:1. Александра Лакрабер беше најефикасна на финалето со 12 гола.
Покрај победничкиот пехар беа доделени и други признанија. Лакрабер од Вардар го доби признанието за МВП (најкорисен играч), Сара Ристовска (Вардар) е најдобар стрелец, додека Матеја Серафимова (Металург) е најдобар голман.
„Фајнл фор“ турнирот од првенството на Македонија во женска конкуренција ќе се одигра утре и задутре во СЦ „Јане Сандански“. Во полуфиналните дуели играат: ЖРК Вардар – Куманово и Вардар СЦЈС – Металург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК