-->
-->
КУП: Еден трофеј две желби
-->
Утре во 17.00 часот во Струмица се игра големото финале на националниот фудбалски куп помеѓу екипите на Шкендија и Пелистер.
Двете екипи имаат по еден трофеј во ова натпреварување a она што е интересно и Шкендија и Пелистер ќе играат по 4-ти пат во финалето на ова натреварување и имаат освоено по еден трофеј.
Приматот го брани Шкендија која лани го совлада Работнички додека Пелистер во 2001-та година беше подобар од Слога Југомагнат.
Денеска во Струмица каде се игра финалето одржана и прес конференција со присуство на тренерите и капитените на двете екипи. „Би ја искористил позната изрека на Цезар. Нека биде ова битка за народот, нека има игра, а ние ќе бидеме гладијаторите на теренот. Македонија ми е седма земја каде сум работел, а ова ми е вкупно трето финале во куп. Во Бугарија и во Албанија ми успеа да стасам во финалето, а сега се надевам и дека ќе го кренам пехарот. Го почитуваме противникот, Шкендија е силен тим, но најважно е да биде коректоно и на теренот и особено на трибините. Нека победи подобриот“, рече Наџи Шенсои, тренерот на Пелистер.
Шкендија на хартија е фаворит, но тетовци велат дека Пелистер е мошне тежок ривал.
„Јас играв фудбал со капитенот на Пелистер Горан Пашовски и повторно ќе биде заедно, пријателски, без разлика кој ќе победи. Секако утре ќе бидеме ривали, но потоа остануваме пријатели. Сакам да победи подобриот, а секако ќе си подадеме рака. И секако апел до навивачите, нека биде ова претстава за паметење во убав амбиент“, рече Ехан Селими, стратегот на Шкендија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница
-
По повод 45 години Пекабеско ќе донира 30.000 евра за најмладите
-
Последни пратенички прашања за годинава
-
Собранието на чекор до разрешување на членови на Судски совет
-
Дали има судир на интерес во одлуката на Антикорупциска за назначувањето на Бојан Христовски во АНБ?
-
Етнички права во правна држава