-->
-->
КУП: 14-та титула за РК Вардар 1961
-->
Ракометарите на Вардар го совладаа Еурофарм Пелистер со 26:24 во тврд натпревар полн со неизвесност и постојано надигрување. На крајот решаваше еден шут или подобро одиграна акција, а Чупиќ стави печат на новиот трофеј, кој е број 14 за Вардар во Купот на Македонија.
„Црвено-црните“ брзо дојдоа до 5:1, а потоа и до ново зголемување на водството кое стигна и до шест гола.
Откако на три минути пред заминување на одмор беше 13:10 следуваа три погодоци за на одмор да се замине со 16:10 и ова беше резултат кој најавуваше каков ќе биде епилогот на овој дуел односно кој ќе биде тимот што ќе дојде до трофејот.
По 40 минути да биде 18:15 и тука веќе тимот на Еурофарм Пелистер најавуваше враќање во натпреварот.
Лошата игра во нападот на Вардар резултираше со голема неизвеснсот во завршницата од натпреварот. На нешто повеќе од две минути Маџовски со вториот гол по ред намали на еден гол, 23:24 и Вардар веќе не можеше да биде сигурен. Алушовски мораше да бара тајм-аут. После долго комбинираше Дибиров беше играчот што реализираше на минута до крај.
На два негатива и 60 секунди до крајот, Бабиќ го побара последниот тајм-аут. Периќ погоди за 25:24, а потоа Чупиќ стави точка на средбата за 26:24 и за нова титула на Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј