Кумуцакос: Изјавите на Димитров ја потврдуваат штетноста на Договорот од Преспа
- Изјавите на Никола Димитров ја потврдуваат критиката на Нова демократија за штетниот Договор од Преспа, вели Јоргос Кумуцакос во реакцијата за пренесените ставови на шефот на македонската дипломатија пред членовите на Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET).
Како што јави дописничката на МИА од Атина, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија уште еднаш го повторува ставот на Нова демократија во однос на решението меѓу Македонија и Грција.
- Изјавите на Димитров во Европскиот парламент, за жал, доаѓаат да ја потврдат критиката на Нова демократија за штетниот Договор од Преспа. Комбинацијата од името „Северна Македонија“, „македонски“ јазик и „македонска“ националност е идеална за развој на национализмот и иредентизмот на Скопје, вели Кумуцакос во неговата пишана изјава.с
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба