Кумановското обвинителство поведе постапка за дилер на дрога, определен притвор од 30 дена
Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 23 годишен кумановец осомничен дека го сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот од јануари до август 2020 година, соопштија денеска од ЈО на Република Северна Македонија, неовластено заради продажба држел марихуана, спакувана во најлонски пакувања.
– При три одделни настани, при претрес, кај осомниченот, како и во неговото возило, биле пронајдени различен број пакувања со марихуана, сите во вкупна нето маса од 15,77 грама, појаснуваат од ЈО.
Обвинителството до Основен суд Куманово поднело предлог за на осомничениот да му биде изречена мерка притвор, во насока на обезбедување непречено водење на кривичната постапка. По предлогот на обвинителството, судот донел решение со кое на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје