Кумановските пожарникари интервенирале четири пати во Речица и Романовце

Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден интервенирале четири пати. Пожарите на сува трева и стрништа се случиле на подрачјето на селата Речица и Романовце.
Од Регионалниот Центар за управување со кризи денеска информираа дека вчера во периодот од 20:25 до 21:20 часот, пожарникарите интервенирале на површина од 3,6 хектари во Речица каде што горела сува трева и опожарено стрниште. Претходно, во попладневните часови на двапати кумановските пожарникари гаснеле повторно сува трева и стрниште.
Во текот на вчерашниот ден било интервенирано и во селото Романовце каде исто така горела сува трева и стрниште. Четворица пожарникари со едно противпожарно возило успеале да го изгасат пожарот кој избувнал во 18:20 часот, а бил изгаснат околу 20 часот.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
