Кумановскиот градоначалник Димитриевски доби пресуда, еден денар оштета и извинување за изречени клевети и навреди
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски ќе добие еден денар оштета и извинување од ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот претседател на општинскиот комитет за изнесени навреди и клевети за случај од пред две години, информираше, денеска на својот фејсбук профил Димитриевски, споделувајќи пресуда од кумановскиот суд.
Димитриевски пишува дека ги тужел и партијата ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот претседател на кумановскиот огранок, Драган Петковски за клевети, нарекувајќи го насилник, кои тие ги изнеле за случајот во кој, наведува Димитриевски, бил физички нападнат од алохолизирани лица на семејна веселба на 5 април 2017 година.
– ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот претседател на огранокот на партијата во Куманово, Драган Петковски имаат обврска да ми се извинат за нанесена клевета и навреда и воедно да ми платат ни повеќе ни помалку, туку ЕДЕН денар оштета. Да, толку барав, ЕДЕН денар, бидејќи нивниот збор не вреди ниту еден денар, а нивните дела прават голема штета, се обидоа да ме дискредитираат и да ми го нарушат угледот и честа пред граѓаните во уште еден од многуте партиско – полициски монтирани постапки. Ме нарекоа насилник, криминалец, ме обвинија за настан во кој што и самиот Петковски не веруваше, но по партиска задача читаше напишан текст од кујната на МВРО. Срамно и безобразно продолжуваа со приказната, а сега ќе мора да се извинат, бидејќи вистината е една, а таа секогаш излегува на површина Секако, ќе го расчистам случајот докрај и одговорност и за насилниците,но пред се, за инволвираните од страна на МВР ќе има по сите основи, напиша Димитриевски.
Тој напиша дека правдата иако, многупати е спора доаѓа во различни форми.
Ново на Сител
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова

