Кумановскиот Дом за стари лица инвестира над два милиони денари за подобрување на условите за престој на корисниците

Домoт за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово издвои два милиони и 180 илјади денари за реконструкција на столарија, поставување нова урбана опрема и набавка на машина, информираа денеска надлежните од јавната установа.
Почна поставувањето нова столарија, замена на дотраени прозорци со нови во еден дел од зградите на објектот, со што ќе се обезбеди поголема енергетска ефикасност.
-Ја менуваме и урбаната опрема во дворот, клупите за престој во дворот, летниковци и изградба на кровна конструкција на паркингот во дворот и доуредување на дворот со бекатон подлога на површина од 80 метри квадратни, изјави директорот на установата, Дејан Стојановски.
Активностите се очекуваат да завршат до крајот на месецов.
За подобро одржување на хигиената набавена е и нова машина за чистење на подовите. За менување на урбаната опрема, поставување на бекатон, уредување на паркинг просторот, установата одвои 1,5 милиони денари, за замена на дел од столаријата 500.000 денари, а за набавка на машина за чистење 180.000 денари.
Претходно, домот го надгради постоечкиот капацитет на соларен систем со што сега се обезбедуваат 2,5 тони вода за корисниците во домот.
– Преземаме повеќе активности, се реорганизираме внатрешно, со цел да ги унапредиме секојдневните активности на корисниците согласно нивните индивидуални потреби, посочи Стојановски.
Наредниот период ќе се интензивираат активностите со невладините организации, училишта, градинки, здруженија на граѓани со кои ќе се спроведат активности за исполнет и пријатен престој на корисниците на услугите.
Во моментов услугите на домот ги користат 165 лица што речиси го достигнува предвидениот капацитет од 170 лица.
Ново на Сител
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
-

Славенички и концертен спектакл – 20 години музичка кариера на Јордан Митев
-

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон!
-

Анализи: Сообраќајот низ Ормуската Теснина се враќа во нормала
-

Бели волци ископале дупки и избегале од живеалиштата во Зоолошка, усмртиле четири кенгури и ему птици
-

Мицкоски: Со Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, не само за електрична енергија, туку и акумулација за вода и туризам
-

Родителите на жртвите од „Пулс“ ја напуштија судницата по барањето за изземање на обвинителката Сарамандова
