-->
-->
Кумановскиот Центар за култура организира едукативна работилница „Насликај го својот град“
-->
Националната Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, објави повик за учество на ученици на едукативната ликовна работилница што ја организира установата насловена „Насликај го својот град“.
Работилницата, соопштија од Центарот за култура се организира по повод денот на градот, 11 Ноември, а ќе се одржи на 2 ноември годинава. Едукативната работилница ќе се одржи од 10 до 13 часот во фоајето на центарот.
-Учениците ќе имаат можност да ја насликаат својата улица, домот, мотиви од Куманово. Центарот за култура ги обезбедува потребните материјали. Учениците на возраст од осум до 14 години ќе работат под менторство на стручните лица од центарот“-изјави директорот , Сашо Тодорвски.
На овој повик не е потребно претходно да се пријават учениците и нивните ментори. Учениците ќе се стекнат со основни знаења за изработка на цртежи, а целта е да се поттикне креативниот и творечки дух кај најмладите од градот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на ураганот „Лала“
-

Приведен битолчанец за предизвикување пожар, следува пријава
-

Вашингтон и Сакраменто му понудија договор на Вестбрук пред неговото пензионирање
-

Тешка сообраќајна несреќа синоќа во Ласкарци - три лица се повредени
-

Над двеста илјади корисници без струја на Хаваи по налетот на урагант „Лала“
-

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Армијата одбележува 34 години од формирањето
-

Активни четири пожари, три се под контрола

