Македонија
1. December 2015 - 17:32

Кумановски комуналец доби донација комбинирано возило за потребите на општината и на центарот за мигранти

УНДП денеска донираше комбинирано возило кое ќе го користи ЈП „Чистота и Зеленило“ при сервисирање на услугите и за граѓаните на општина Куманово и за транзитниот центар за мигранти во Табановце.

 
Благодарност за донацијата изрази градоначалникот, Зоран Дамјановски и подвлече дека тоа чини 20.000 американски долари,а ќе биде од голема корист за претпријатието.
 
Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон меѓу другото изјави дека возилото е дел од поддршката за напорите на Куманово да се справи со бегалско-мигрантската криза.
 
Таа посочи дека Куманово и Гевгелија последните месеци понесоа голем товар од  бегалската и мигрантската криза и им се заблагодари на граѓаните за покажувањето на великодушност кон оваа прашање.