Кумановска текстилна фирма почна со изработка на маски
Кумановска текстилна компанија почна со изработка на заштитни маски, информира денеска градоначаникот Максим Димитриевски. Максите ќе бидат дистрибуирани до граѓаните.
–Благодарност до фирмата „БОСУТ“ Куманово која денеска почна со производство на поголема количина на заштитни маски кои ќе бидат донација, а подоцна ќе ги дистрибуираме бесплатно до граѓаните. Благодарност и до Дирекцијата за одземен имот која со одлука на Влада ни го обезбеди репроматеријалот за изрaботка на маските, објави кумановскиот градоначалник.
Tој информира дека општината набавила 12 моторни пумпи – прскалки за дезинфекција на јавно прометни површини и влезови на згради, како и пластични заштитни везири.
Продолжува дезинфекцијата на екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ и ТППЕ Куманово – противпожарна единица на стамбени згради на повеќе локации „Трета МУБ“, „Народна револуција“, „Тоде Мендол“,„ Гоце Делчев“, „Зелен Рид“ и на улиците во населбата Средорек.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците