Куманово вознемирено и полно со полиција по вчерашната престрелка
Засилено полициско присуство и денес се забележува на повеќе локации во Куманово.
Информациите од терен говорат дека вооружени полициски службеници со панцири ги обезбедуваат најфреквентните сообраќајници во градот. Населбата Диво Насеље, просторот кај кумановската болница, центарот на градот, патот кон Липково и Арачиново се само дел од локациите каде е присутна полицијата во засилена бројка.
Кумановци исплашени од ваквата состојба стравуваат дека вчерашната престрелка во Мала Речица во која еден кумановец беше убиен, а две лица тешко повредени, не значи крај на крвавиот пир. Стравуваат дека безбедноста во градот е сериозно нарушена и изразуваат сомнеж дека можна е одмазда.
Курир се обиде да добие повеќе информации за ситуацијата во Куманово. Од Министерството за внатрешни работи побаравме да ги потврди или демантира информациите за засилено полициско присуство во Куманово и причините за истото, но до објавувањето на овој текст од МВР не добивме никаков одговор.
Албанските медиуми, по вчерашното пукање во Мала Речица, информираа дека бројни полициски сили го чуваат полицискиот објект на влезот во Диво Насеље во Куманово.
Како што објави порталот Алмакос, ова се случува од две причини, едната е од вооружениот инцидент во близина на седиштето на ДУИ во Мала Речица, додека другата причина е одлуката за случајот Алмири што вчера ја донесе судот.
Ново на Сител
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ
-
Млад кочанчанец врзан со селотејп на скопскиот плоштад праша „Толку ли брзо не заборавивте“
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква