Куманово ќе добие времено монтажно лизгалиште

Почна поставувањето на опремата за лизгалиште во Куманово, во близина на комплексот на градски базени, непосредно до останатите спортски игралишта и до паркот. Опремата е доставена од Агенцијата за млади и спор и откако ќе биде монтирана со лизгалиштето ќе стопанисува јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, најави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Според најавите се очекува лизгалиштето да почне со работа на почетокот на идната година .
Кон крајот на летово, Секторот за комунални дејности од Општина Куманово достави предлог локација до Агенцијата за млади и спорт за поставување монтажно лизгалиште во Куманово. Претходно, Владата на седница ја задолжи Агенцијата за млади и спорт да обезбеди 14 милиони денари за изнајмување на седум монтажни спортски игралишта во општините Куманово, Струмица, Охрид, Битола, Центар, Гостивар и Тетово.
Претходно, Куманово во 2011 и 2012 година изнајмуваше урбана опрема за лизгалиште од приватна компанија од Белград, Србија која беше сместена на градскиот кеј.
Ново на Сител
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
