Кошарка
24. December 2016 - 15:10

Куманово домаќин на Работнички во дербито на кошаркарскиот шампионат на Македонија

 
 Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, односно Првата машка лига, денеска ќе се играат последните натпревари за календараската 2016 година. На програмата се средбите од 8.коло, во кое дербито ќе се игра во Куманово каде кај истоимената домашна екипа гостува лидерот на табелата Работнички тим кој досега нема пораз. 
 
Овој натппревар ќе се игра во терминот од 19 часот, додека другите три средби ќе започнат од 18 часот. 
 
Второ пласираниот Фени Индустри го пречегува гевгелиски кожив во дуел на екипите кои ја претставуваат Македонија во БИБЛ (Балканската) лига. 
 
Вардар кој досега се нема радувано на победа ја пречекува екипата на Струмица, додека во Битола кај Пелистер гостува АВ Охрид. 
 
Табела: Работнички 7-0 (победи-порази), Фени Индустри 6-1, Куманово 5-2, Кожув 4-3, Струмица 2-5, АВ Охрид 2-5, Пелистер 2-5, Вардар 0-7