Куманово доби 1,95 милиони евра за изградба на локални патишта

Општина Куманово доби 1.950.000 евра согласно Меморандумот кој Владата го потпиша со општините од државата, информираа денеска од општина Куманово.
Средствата се наменети за финансирање на општински проекти за период 2020-2024 година. Општина Куманово аплицира за изградба на локални патишта за поврзување на села и населени места, Косматац-Мургаш-Новосељане, Добрашане-Шупљи Камен и Амбар маало.
– Во свечената сала на Владата градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, за обезбедување финансиски средства наменети за финансирање на општински проекти за следните четири години, информираа од општината.
Целта на овој проект е подобрување на локалната патна мрежа во урбани и рурални средини, преку изградба и санација на патишта и улици во општините на државата.
Во периодот од аплицирањето на проектите до добивањето позитивно мислење од страна на Министерството за транспорт и врски, Општина Куманово има обврска да ја реши експропријацијата на трасите на патиштата, кои се составен дел на проектот.
Ново на Сител
-

Почина италијанскиот моден креатор Валентино
-

Мицкоски од Давос: Ќе имаме бројни состаноци за нови инвестиции и подобрување на економската состојба
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
