Кумановец загина откако со возилото паднал во провалија
Четириест и четиригодишен жител на селото Арбанашко загинал, откако со возилото излетал од патот и паднал во провалија.
Несреќата се случила завчера во периодот помеѓу 23 до 23.30 часот на локалниот пат Арбанашко – Кокино, кога Д.П (44) со своето возило „голф 2“ се движел кон градот. Од непознати причини возилото излетало од патот и паднало во провалија.
„Вчера во 8 часот случаен минувач го забележал возилото и пријавил во полиција. На терен излегла екипа на Противпожарната единицата во Старо Нагоричане, па откако не успејале да го извадат, побарале помош од пожарникарите од Куманово. Автомобилот морало да се сече за да се извади починатиот“, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
Телото е пренесено во Општата болница Куманово, а се работи на расчистување на причините за несреќата.
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел
