Македонија
22. November 2018 - 10:22

Кумановец со фалс пасош фатен на Табановце

Вчера во 16,00 часот на Граничниот премин Табановце, за излез од Р.Македонија при извршена пасошка контрола на лице Љ.С.(34) од Куманово било утврдено дека патната исправа била фалсификувана.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи од Куманово, за понатамошна постапка.