Македонија
27. February 2024 - 16:30

Кумановец сакал да внесе кокаин во К'шање

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С.(27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“, соопшти МВР.

Како што објаснуваат од МВР, при преглед кај пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле кокаин, кој се обидел да го внесе во Казнено - поправната установа Затвор Куманово.