Кумановци до крај на годината ќе ја користат мерката бесплатен превоз

Кумановци ќе се возат бесплатно до крајот на годинава, одлучија советниците на последната седница. Мерката субвенциониран превоз кој опфаќа 26 линии ќе продолжи до крајот на декември 2025 година.
-Методологија за пресметка е 50 денари по изминат километар, секоја линија има возен ред, има број на поаѓања, секоја линија има утврдено точна километража така што прецизно е пресметано по број на поаѓање, односно утврдениот возен ред којшто го потпишува градоначалникот. Кога ќе се помножат изминати километри по релација и по број на поаѓање се доаѓа до цифра од 6,5 милиони денари за месец декември како и 650.000 мислам за овој меѓуопштински превоз помеѓу Куманово и Старо Нагоричане, рече раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска.
Одлуката беше изгласана со мнозинство советници. Опозицијата смета дека мерката е прескапа, во интерес на само дел од кумановци, предлагајќи мерките да важат за учениците и ранливите категории граѓани. Дел од советниците побараа и формирање на јавно претпријатие, некои и набавка на електрични автобуси. Надлежните потврдија дека општината аплицирала на повик на Владата за набавка на 25 електрични автобуси, што би требало да донесе долгорочно решение за јавниот превоз и да го намали товарот врз буџетот.
Од Општина Куманово потенцираат дека субвенционираниот превоз е социјална и еколошка мерка која има повеќекратни позитивни ефекти. Со мерката како што укажуваат се намалуваат трошоците во семејните буџети, се редуцира сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и има придонес кон намалување на аерозагадувањето. Дополнително се наведува дека мерката најмногу им користи на жителите од приградските населби, кои во спротивно би имале значителен трошок за дневно патување. И граѓаните имаат различни коментари, додека едните ја поддржуваат, други реагираат дека има пренатрупаност на одредени линии, недоволна фреквенција на автобуси, злоупотреба од страна на поединци кои се возат без реална потреба, незадоволство кај ученици и работници поради недоволниот капацитет во одредени термини.
МИА
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
