„Културното наследство и одржливиот туризам“, тема на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите
„Културното наследство и одржливиот туризам“ е тема на годинашното одбележување на Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, кој го одбележуваат националните комитети на ИКОМОС во 108 земји во светот, меѓу кои и во Македонија.
Што се однесува до грижата за спомениците во кумановско, надлежен е Националниот конзерваторски центар, а како што објасни директорот на Кумановскиот музеј, Дејан Ѓорѓиевски, установата управува единствено со археолошкиот локалитетот Кокино.
- Како музејска установа немаме право да се грижиме за спомениците и локалитетите, туку само за движното културно наследство за кои надлежни се Националниот конзерваторски центар, но можам да кажам генерално, состојбата на спомениците во Македонија, но и во кумановско е добра. Последниве десет години имаше огромни инвестиции во заштитата и откривањето на спомениците, а се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во наредниот период, изјави Ѓорѓиевски.
Регионот, посочи, располага со археолошки локалитети, а особено внимание се посветува на сакралните објекти, цркви, манастири.
Додаде дека денешниот ден го користат за апел до надлежните и и воопшто до јавноста да се води грижа за споменциите и нивната значајност за нашето културно наследство.
Инаку, на подрачјето на кумановско има приближно 90-ина споменици.
Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, е востановен во 1983 година на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции