Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
Протест и блокада на Министерството за култура на Србија е најавен за в понеделник, 3. февруари чиј организатор е Култура во блокада – драмски, визуелни и музички уметници – поради, како што наведуваат, долгогодишната деградација и маргинализација на културата.
Понеделник е последен ден за поднесување проекти за конкурсите што ги објави Министерството за култура на таа држава за 2025 година.
На Инстаграм профилот „Култура во блокада“ се наведува дека културните работници и уметниците се со студентите од самиот почеток, дека ги поддржуваат нивните блокади и се целосно посветени на исполнување на сите нивни барања.
„Ние се солидаризираме и со просветните работници, земјоделците и сите оние кои се борат за поправедно општество. По учеството во генералниот штрајк и прекинот на работата, бројни институции и поединци се најдоа на удар на властите и Министерството за култура, кое почна да испраќа инспекции и да ги заплашува луѓето“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?