Кукан: Името не е најтешкиот дел, туку Уставот и јазикот

Европратеникот од демохристијанската група ЕПП, Едуард Кукан за МИА вели дека политичарите прво треба да ја подготват јавноста пред да го објават договорот за името, во кој најтешките делови не се името само по себе, јави дописничката на МИА во Брисел.
- Грешка беше да се биде толку оптимист. Мислам дека не е доволно политичарите да постигнат договор. Пред да го најават треба да го подготват народот за тоа. М мислам дека ја научија лекцијата последниот пат со Илинденска Македонија. Не верувам дека најтешкиот дел е името, туку како ќе стои во Уставот, јазикот, културата, сите тие работи. Можеби е техничко потешко, така што кога сите тие прашања ќе се решат, политичарите треба тоа позитивно да и го продадат на јавноста и само тогаш името ќе биде официјално објавено, изјави Кукан за МИА.
Ново на Сител
-

Струга веќе трета недела без питка вода за пиење
-

Грипот стивнува, но респираторниот синцицијален вирус периодов ги полни педијатриските амбуланти
-

Во Струмица одбележани 22 години од смртта на Трајковски
-

Пратенички прашања во Собранието
-

ЕУ ги почнува преговорите за укинување на роамингот во Западен Балкан
-

ЕУ поддршка за развој на капацитетите за сајбер безбедност во Македонија
-

Поради неисплатени субвенции, сточарите се заканија со протести
-

Преглед на вестите од светот
