КУД „Илинден“ од Сруга се врати со трето место на фестивал во Тирана
Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга се врати со освоено трето место на меѓународниот фолфклорен фестивал „Балкан фолк“ што од 19 до 23 септември се одржа во Тирана.
На фестивалот настапија 11 држави, а првото место им припадна на претставниците од Бугарија, додека втори беа Црногорците.
На дефилето низ тиранските улици, како што информира кореографот Љупчо Милошески, стружани се претставија со фрагмент на песни и игри од Источна Македонија.
- На првата фестивалска вечер се претставивме со кореографија од Пиринска китка, а во финалето настапивме со „Малешевска“, изјави Милошески за МИА.
КУД „Илинден“, кое годинава слави 35 години јубилеј од формирањето пред десеттина дена гостуваше во Италија на покана на Македонското културно друштво „Свети Кирил и Методиј“ во Трентино, каде одржа целовечерен концерт. По завршување на концертот беше организирана македонска вечер, каде покрај македонска музика се служеше традиционална македонска храна.
Ново на Сител
-
ВРЕДИ: Ахмети да признае дека згреши што го штитеше Груби
-
Центрите втор дом за лицата со попречености
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Јове Кекеновски
-
ДУИ останува пред Уставен
-
Путин му даде азил на Башар ал Асад и неговото семејство
-
Утре протести поради загадениот воздух
-
Анализа: Mожат ли македонските институции да се справат со овогодинешниот снег и евентуални поплави?