-->
-->
КУД „Дримкол“ Вевчани со целовечерен концерт вечерва во Прилеп
-->
Под мотото „Со песна и оро до височините“, вечерва, од 20:00 часот на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ (арт плоштад) во Прилеп, целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани.Концертот е во рамките на Прилепското културно лето и е дел од програмата на ЦК „Марко Цепенков“, поддржана од Министерството за култура.
КУД ,,Дримкол,, од Вевчани во своето долгогодишно постоење навистина остава силен белег на македонската сцена. Секогаш е задоволство да се гледаат уметниците на ова друштво облечени во богатите Вевчански народни носии како ги презентираат на сцена преубавите Вевчански ора и обичаи отсвирани на традиционални народни инструменти.

Токму таквата негова автентичност му дава посебност и убавина, а сето тоа предизвикува интерес кај публиката и желба да се следи во живо програмата на Дримкол. Од тие причини одлучивме да и овозможиме на Прилепската публика целовечерна дружба со овој фолклорен ансамбал преку проектот ,,Со песна и оро до височините,, кој го предвидовме во нашата програма за работа за оваа година и истиот беше поддржан од министерството за култура – напишаа на социјалните мрежи од НУ Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, од Прилеп.
Започнува како играорна група на младинки и младинци уште во 1947 година, со текот на времето го добива името „Печалбар,, во 1978 година се преименува во „Дримкол“ и тогаш до денес континуирано и активно работи на негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност.

Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии го прават ова друштво различно и посебно во делот на презентирањето на традиционален фолклор. Но и покрај изворниот фолклор на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава. Друштвото денес брои 175 распоредени во организациони целини кои работат во рамките на друштвото: фолклорните ансамбли, пејчката група, изворниот оркестар, патувачки театар. КУД „Дримкол“ веќе неколку години е класифицирано како друштво од Прва категорија во рамките на Министерството за култура.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Тема на денот со Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии
-

19 години без Тоше – маратонците денеска пристигнаа од Нова Градишка во Крушево
-

Тоше живее во секое добро дело - детската улица се претвори во песна, а споменот во емоција
-

Истрагата за бегството на Ива Михаилова ќе биде презентирана пред НАТО
-

Пола милион за две фирми преку спорни тендери во УХМР, кривична за екс директорот
-

Жителите на Брвеница во недела ќе гласаат за нов градоначалник: Во трката се шест кандидати
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
