КУД „8 Октомври” на меѓународниот фестивал во Босилеград

Триесетина играорци и играорки од културно-уметничкото друштво „8 Октомври” од Крива Паланка настапија на Меѓународниот фолклорен фестивал „Босилеградско краиште пее и игра 2019″.
Фолклорната група од Крива Паланка која работи во рамки на националната установа Центар за култура Крива Паланка се претстави на третиот ден од фестивалот кој трае од 29 јули до трети август.
– Продолживме со активностите за ова лето, по настапот на меѓународниот фестивал во Јелоуа,Чинарчик, Република Турција и организацијата на првиот меѓународен фолклорен фестивал за деца”Паланечка тројка”, ги претставивме Македонскиот фолклор и традиција во Босилеград, каде играорците настапија со „Драчевка” и „Тресеница”. Фестивалот е со ревијален карактер, а покрај фолклорно претставување опфати и надоградување во „Бугарчица” , избор на најубава носија и избор на мис и мистер.Ова е фестивал на кој редовно се претставувсме, одлично се дружевме и разменивме искуства со останатите учесници, информира Александар Петровски, кореограф на „8 Октомври”.
Најави дека до крајот на летото претстојат уште неколку настапи и секако учеството на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски” во Крива Паланка.
Ново на Сител
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Поднесено обвинение за поранешната директорка на прилепската болница и тројца вработени
-

Доброволно ПП друштво против пожарите во Општина Карбинци
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
