Кучи: Со придобивките од акредитацијата зајакната е економската моќ и позицијата на претприемачите
Градењето на националниот систем за инфраструктура на квалитет, во кој акредитацијата е еден од клучните чинители, претставува приоритет за Владата на Република Македонија, порача министерот за економија Дритон Кучи во обраќањето на 36-иот состанок на Советот за мултинационални договори на Европската организација за акредитација, во организација на Институтот за акредитација на Република Македонија.
- Благодарение на придобивките од акредитацијата, односно на нејзината улога во намалување на ризикот од опасности во управувањето, намалување на трошоците во работењето, без разлика дали се работи за процес на производство, трговија или обезбедување на услуги, зајакната е економската моќ и позицијата на претприемачите. Акредитацијата е вешта алатка за деловните субјекти, бидејќи од една страна им обезбедува економично и ефикасно работење, а од друга страна им обезбедува можност за слободен пласман на странските пазари, и тоа преку елиминација на техничките и трговските бариери, рече Кучи.
Владата, додаде, преку низа мерки и активности, вложува напори за подобрување на општите социјално-економски услови за граѓаните и е во чекор со останатите држави.
- Работата на Институтот, како единствено нацонално тело за акредитација во земјава, има свое значење и во креирање на политиките или регулаторните барања на државата. Институтот, како надлежно тело, е вклучен во давање стручни, компетентни мислења при изработка на законски и подзаконски решенија, токму за прашањата на акредитацијата и при транспонирањето на европските директиви за усогласување на домашното техничко законодавство и сл., кои преставуваат услови за пристап кон ЕУ. Оттука и фактот што најголемиот број на акредитации се доделени во регулираната област, посочи Кучи.
Нагласи дека Владата дава целосна поддршка на работата на Институтот, а преку годишните Извештаи за работа ја следи неговата работа и активностите, како на национанален, така и на меѓународен план.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково