КСС тврди дека нема социјален дијалог и најавува протести
Конфедерацијата на слободнисиндикати (КСС) на Македонија денеска повторно обвини дека не функционира социјалниот дијалог и оти се кршат законите и Деловникот за работа на Економско-социјалниот совет и поради тоа најави организирање на протести и генерален штрајк на национално ниво веднаш по завршувањето на локалните изборите.
- Веднаш по завршувањето на локалните избори доколку надлежните органи и нивните претставници на локално ниво и дел од раководствата во јавниот сектор продолжат со досегашниот начин на кршење на правните документи, КСС ќе преземе легитимни и легални мерки, како што се организирање протести пред надлежните државни институции кои се директни носители на споменативе состојби, ќе организира генерални штрајкови на ниво на јавниот сектор вклучително генерален штрајк на национално ниво во сите дејности, истакна на прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски.
Тој додаде дека дел од мерките ќе бидат и покренување на кривични постапки против сите оние кои досега имаат направено кривични дела, како и против оние кои евентуално истото би го направиле во следниот период, а ќе бараат да дојдат и претставници од меѓународните синдикални организации со цел на да ги согледаат и увидат состојбите.
За да не дојде до ова, Ралповски истакна дека КСС бара од Владата и од надлежните министерства итно и неодложно почнување на преговори за зголемување на платите на вработените во јавната администрација и почнување на преговори за измени и дополнувања на Општиот колективен договор за јавниот сектор со посебен акцент на утврдувањето на правото за регрес за годишен одмор попознат како К-15.
Ново на Сител
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија